Радио Милева црна барбика

Македонската „Гранд“ пејачка „ја запали“ машката публика, но Андријана Петрушовска самата најмногу „се пали“ на латекс и кожни детали? (ФОТО)

Македонската „Гранд“ пејачка „ја запали“ машката публика, но Андријана Петрушовска самата најмногу „се пали“ на латекс и кожни детали? (ФОТО)

Андријана Петрушовска  важи за една од најатрактивните учеснички во актуелната сезона на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“. Македонската претставничка плени со својата појава, раскошна убавина и неодоливиот сексапил, со кои покрај вокалните можности, ја полни сцената со еротски набој на кој ретко кој маж може да му одолее… А какви се времињата и по некоја жена со „поинаква определба“!

Се на се, со секоја нејзина појава Андријана се повеќе остава впечаток, го привлекува вниманието, влегува во глава, градејќи слика за себе на модерна естрадна ѕвезда за која допрва ќе се слуша. Но, во овие „модерни времиња„ во кои доминира „новото нормално“, станува јасно дека музиката се’ почесто, а за жал и се’ повеќе  „се слуша со очи“. Затоа атрактивната Македонка знае што може на публиката да и предочи, за и оние што речиси се „музички глуви“ и за „турбо на кирилица“, а камо ли музика на латиница, да останат со подзината уста и падната вилица!

Андријана тоа убаво го сфатила или барем така ја советуваат, па затоа со секоја своја појава машкиот дел од публиката и тоа како знае да го „изремети“, оставајќи впечаток што ќе се памети. Изгледот важен и поважен од пеењето, па затоа промената на стајлингот и скокотливите фотографии ја надополнуваат секси сликата за пејачката, најчесто споделена на социјалните мрежи.

Секоја жена, особено естрадна пејачка си има свој вкус и омилен стил и во облекувањето, нешто што почесто го носи на себе како по навика во различна прилика… Во една од најновите фотосесии на Андријана, пејачката претставена како црна барбика! Бело секси боди со натпис: „Барби“, долгите разголени нозе како заштитен занк и на нив високи чизми од бордо латекс.

Во последното издание во “Ѕвездите на Гранд“ пак, Андријана се појави како „жена мачка“, одново  сета променета во латекс… Само овој пат во црн латекс комбинезон, високи црни чизми и ракавици до рамена и венче со мачкини ушиња на главата…

Веднаш потоа на настап, на тезга во еден ноќен локал…

А, пејачката онака расна и стројна како што Бог ја (соз)дал, одново во латекс комбинација…

Само вој пат  долгоногата убавица „гори“ во жар црвено мини фустанче и исто такви латекс ракавици над лакти.

И одново неодоливо заводлива и максимално возбудлива за нејзината машка публика.

И во некои од претходните „Гранд“ изданија македонската пејачка сиот свој телесен раскош и убавина ги покажуваше во црна латекс или кожена комбинација.

Дека латексот и кожата и се омилена облека, Андријана и приватно покажува. Дали е тоа кармин црвено мини фустанче…

…Или „минич“ во розова – „пинк варијанта“,  кожата и латексот пејачката очигледно ги обожува.

Конечно кожените или латекс хеланки тесно припиени на долгите убави нозе или кусите кожени шорцеви се модни парчиња во кои пејачката често влегува кога и приватно излегува.

Впрочем, на вака извајано тело и појава како нејзината, што и да облече „ја пали“ публиката… Особено онаа, машката. Но, Андријана Петрушовска по се’ изгледа самата најмногу „се пали“ на латекс и кожни детали?

Фото: Инстаграм принтскрин/andrijanapetrushovska

 

To top