Mладата македонска пејачка Мими Јовановска од Велес публиката ја запозна по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде ги воодушеви и жирито и јавноста со своите фуриозни и беспрекорни настапи, преставувајќи се и себе и Македонија во најдобро светло.
За приватниот живот не сакаше да зборува се додека не се дозна дека се забавува со познатиот музичар Филип Нуне(вски), од семејниот бенд „Нуне брадрс“.
„Јас и Филип сме во врска, ете само тоа ќе кажам, не сакам многу да зборувам за тоа“ – изјави Мими во една прилика.
Музичко-љубовната двојка на почетокот на август 2021 година имаше многу убав повод за славење и радост.
Имено, Филип ја побара раката на Мими, а таа му кажа „ДА“ на нејзиниот избраник. Мими на својот Фејсбук објави фотографија од неа и Филип, на која го покажа и свршеничкиот прстен.
„Милион пати – ДА“ – напиша таа како појаснување на фотографијата. И не помина долго, македонската „Гранд Ѕвезда“ заедно со својот сакан замина на одмор. Еден вид „пробен меден месец“.
За дестинација ја одбраа Грција, поточно познатиот остров Лефкада, од каде Мими и Нуне споделија неколку заеднички фотографии, а „распеаната велешанка“ не пропушти да ги овековечи моментите на среќа и уживање и со неколку свои селфија.
View this post on Instagram
„Бидете благодарни, забавете и уживајте во животот“ – напишала Мими покрај летниот фотосеријал, очигледно задоволна и среќна од она што годината 2021-ва и го донесе во животот. Популарност, нови пријателства, повеќе настапи, крунисување на љубовта…
Не е малку, особено не во време-невреме, на пандемија и економска криза, за кои Мими е доказ дека патиштата на животот се чудни. Некому за жал, солзи, некому за среќа, бисери…!
Фото: Инстаграм принтскрин/mimijovanovska