Радио Милева поглед за копнежи...

Македонската фудбалерка не е „секси ѕверка“ само на суво: Јулија Живиќ од копачки на „штикли“, па како сирена, расчекорена на колена во вода! (ФОТО)

Македонската фудбалерка не е „секси ѕверка“ само на суво: Јулија Живиќ од копачки на „штикли“, па како сирена, расчекорена на колена во вода! (ФОТО)

Македонската  репрезентативка Јулија Живиќ , атрактивната кумановка, со адреса на живеење во Велес и клуб за кој игра од Тетово, е стандардна членка на македонската женска фудбалска А селекција. Но, не само заради фудбалот и вештините со топката, кумановката е се почесто експонирана во јавноста.

Напротив, нејзиниот атрактивен изглед, неодоливиот сексапил и заводливата појава, русокоста фудбалерка  ја прават „секси ѕверка“  која слободно може да застане со најзгодните македонски манекенки и модели, ТВ водителки, пејачки и останати “секси мачки“ и кога не е во копачки.

Јулија веќе докажа дека фудбалскиот дрес без проблем може да го замени со било каква гардероба,  елегантно облечена или разголена, многу  македонски убавици не и се ниту до колена.

Иако самата тврди дека: „Штикли  само за на слика“, без оглед за каква прилика, очигледно дека на Јулија елеганцијата совршено и прилега. Во свечен долг фустан со длабоко деколте и однапред и одзади, младата убавица слободно може кариерата да ја гради и како модел, зашто подеднакво атрактивно изгледа и во копачки и „на штикли“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🔱ZIVIC🔱 (@zivic.julija)

Манекенскиот изглед  на русокосата фудбалска убавица, дополнително доаѓа до израз кога згодната фудбалерка ќе се соблече во костим за капење.

Последната споделена фотографија на Јулија уште повеќе ја комплетира целата слика за неа… Од копачки  на „штикли“, па расчекорена на колена во вода… Налик на сирена од длабочината, насукана во плиткото крај брегот, со поглед во далечината, како Јулија да копнее по својот Ромео… додека сите други, копнеат по неа!

Фото: Инстаграм принтскрин/zivic.julija

 

To top