Македонската фолкерка Ирена Вељовска неодамна обзнани дека станала вегетеријанец.
Благодарение на нејзината пријателка, нутриционистката Клаудија Адеми, таа престанала да јаде месо, почнала строго да внимава што јаде и редовно да вежба, иако физичката активност на фолкерката никогаш не и недостасувала.
Тоа најмногу го покажа на своите Тик-Ток и Инстаграм куси видео клипчиња за време коронапандемијата во периодот на ланскиот карантин, кога бевме сите затворени по дома. Тогаш Ирена наоѓаше најразлични начини да се забавува себе си и своие следбеници на социјалните мрежи, но и со разни „лудории“ да ја одржи кондицијата и физичката активност за да не „зарѓа“!
Дека е скочна, гипка, подвижна и еластична, видовме оддамна, а сега знаеме и дека македонската фолкерка повеќе не е месојад! И тоа не само заради линијата., туку и заради љубовта кон животните, што Ирена ја покажа на дело со последното споделено видео во вид на најново Тик-Ток клипче.
На, него, во домашна атмосфера Ирена споделува нежност и љубов со голем жолт машки Лабрадор! На вака сексапилна убавица кој не би и пришол, па тоа го направи и големиот пес додека пејачката седеше залегната во големата фотелја.
Веројатно нешто на неа го привлече, па тој полека, онака дискретно шмекерски и пријде и за миг се најде исправен во нејзините прегратки… А каде што има прегратки има и бакнежи… И тоа онакви, во стилот на песната на легендарниот Тоше: „Твоите бакнежи на моите бели кошули“… во кои е променета пејачката!
Пуштање јазик и лижење од кучешка страна и „усни на усни“ или поточно, „усни на муцка“ од страна на Ирена! Како и да е едно е евидентно: Љубовта е обострана… Како и размената на нежности!
Остана само дилемата врзана за две нешта: Кој е, а кој не е овде вакциниран, ако домашните љубимци воопшто и можат да фатат Ковид-19?
И можеби она уште поважното: Кому повеќе му недостасувало љубов летово? На машкиот лабрадор му фали кучка или на сексапилната пејачка дечко?
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/irenaveljovska