Македонската фолкерка Ирена Вељовска ништо не може да ја спречи да го живее животот… И тоа по свое. Освен ТВ појавувањата по разни емиси и шоу програми, настапите по локалите и ноќните клубови и шетањата по егзотични дестинации, пејачката беше позната и по своите изведувања „бесни глисти“, кои ги споделуваше на своите профили на различни апликации.
@nadicastojkova @Irena Veljovska ✌️❤️ #fyp #foryou #foryoupage #duet ♬ original sound – tufnica96
На ова поле собено беше активна за време на корона пандемијата, кога во „домашниот притвор“ како што го нарекуваа карантинот, наоѓаше начин како да си го крене адреналинот и поправи расположението…
И себе си и на другите, па често сопствените „палавштини“ кои секако беа безопасни, ама затоа „опасно забавни“ ги споделуваше и тоа најмногу на својот ТикТок.
Арно ама, со текот на времето споменатата Интернет платформа или како што самата пејачка ја нарекува апликација, се здоби со многу лоша репутација… Заради нејзината злопупотреба, најмногу од тинејџерската популација, Тик Ток стана галавен виновник за многу несреќи ширум светот, а прстот во него го вперија и по убиствените трагедии во соседството. Меѓу останатите мерки, многумина предлагаат дури и нејзина забрана, односно максимална контрола на нејзината употреба, а родителите бришење на истата од мобилните и компјутерите на нивните деца, додека не станало предоцна.
Ваквите апели, барања и пораки бргу допреа и кај нас, па македонската фолкерка реши да биде првата која со личен пример ќе покаже дека живот нема да ти пропадне без ТикТок… Напротив, можеби ќе ти се случи квалитативен „квантен скок“?!
Имено, нашата позната фолкерка на дело покажа дека веќе не е тиктокерка. Ирена Вељовска со личен пример до нацијата – ја избриша апликацијата од својот телефон и компјутер, па гестот го сподели на социјалните мрежи.
Пример за пофалба и потег кој ќе предизвика или домино-ефект или контраефект кај популацијата, особено кај онаа помладата. Во секој случај многумина родители тргнаа да ја направат истата работа од „современите играчки“ на своите деца.
Дали и останатите наши јавни и естрадни личности ќе го следат примерот на фолкерката или се’ ќе остане на еден осамен обид како капка во море, останува наскоро да покаже времето? Како и тоа дали овој потег на Ирена да нема повеќе свој ТикТок е конечно решение или само одлука со привремен рок?
Фото: Инстаграм принтскрин/irenaveljovska/