Радио Милева
Разголена фотосесија

Македонската фолкерка – топлес: Чија рака во црна ракавица ја милува по голата брадавица Марина Тошиќ? (ФОТО 18+)

Македонската фолкерка – топлес: Чија рака во црна ракавица ја милува по голата брадавица Марина Тошиќ? (ФОТО 18+)

Згодна, неопходна, пожелна, секси… Овие и уште многу други комплименти можете да и припишете на „македонската Карлеуша“ како што ја нарекуваат фолкерката Марина Тошиќ, која иако е родена во Краљево (Србија), а последниве две години живее и работи во Софија, (Бугарија) како ексклузивец на нивната најпозната продукциско-продуцентска куќа „Паинер“, претходно кариерата со години ја градеше и живееше во Македонија.

Русокосата убавица е позната не само по пеењето туку слично како и карлеуша, по речиси секојдневното постирање секси фотографии, на кои таа е сликана во провокативни изданија. Од тоа каква долна облека носи, кој модел на гаќички, градник или боди…

… па се до разно-разни „безобразни“ пози на кои таа ги покажува своите најсилни адути и  бујните атрибути!

Деновиве Марина ги искристи да најде време за да направи нова фотосесија… Провокативна се разбира. За такви нешта фотомајстор е нашиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ, кој ја фотографираше фолкерката топлес… Или речиси топлес!

Зашто пејачката под раскопчаното бело сако не носи ништо…

…освен своите раскошни силикони, кои рака на срце не се мали. А кога сме веќе кај раката, на една од фотографиите туѓа рака ја милува Марина по голите силикони, ама не се знае чија?

Очигледно се работи само за добро осмислена провокација, зашто бујните гради се секако нејзини, ама раката е ничија… Вештачка, со навлечена долга женска црна ракавица која божем ја милува Марина по голата брадавица!

А, Марина ко’ Марина… на фотографијата изгледа како да сонува, а всушност многу добро знае како да ја разбуди машката фантазија. Па, наместо да мечтаат и сонуваат (за) други нешта, да ја сонуваат неа!

Останати вести од Радио Милева