Вале Гулабица се прослави со видео записот за нејзиниот тогаш најголем хит „Џони Далавера“ во кој се појави во извадена црвена танга од фармерките. Потоа ги испеа: „Не им верувај на мажите“, „Нека грмат громови“, „Тој ќе дојде“ и… како што се појави преку ноќ, така и ја снема.
Дали тоа славата која ја здоби преку ноќ и го поремети секојдневието, па Гулабица реши да се повлече и да им препушти на другите пејачки простор да почувствуваат барем дел од вниманието кое го доби таа. Можеби и беше така, се до ова лето.
Да вистина е, Вале Гулабица се врати! И има не еден, туку два нов хита со многу длабоки и суштински стихови кои баш секој и не може да ги смисли и напише. За музиката и да не зборуваме. Ремек дело на македонските аграр – фолк композитори. Ама сепак, видеоспотовите се шлагот на тортата.
Во нив аграрно, земјоделско – фолклорни сцени со врвна драматургија глума, еротски набој и старата пасија на пејачката: црвените гаќички!
До душа овој пат во комбинација со розов пењуар во жешките сцени!
Дури откако ќе ги видите видеоспотовите, толку ќе се воодушевите што ќе посаката одново и одново… да ја слушате и видите македонската фолк ведета. Вале – „Гулабица“ секако, овој пат пуштена на најјако!
Потоа цел ден ќе си ја потпевнувате: „Да, да, вистина, и кафето истина, ај друго ќе ставиме, оваа ноќ ќе славиме.“
Или онаа, втората: „Маска е душо, маска е кога ме гледаш убава…“
А, сега ислушајте ги внимателно обата „хита“ на македонската естрадна „Гулабица“ и погледнете ги двата видеоспота, ама до крај… ако можете!