Атрактивната македонска фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот и исхрана Ана Стојанова не престанува да изненадува. Откако го заврши својот „Летен предизвик“, почна да се подготвува за зимските фитнес сеанси.
Како што е познато, покрај вежбите и редовниот тренинг, за здраво тело и во него здрав дух, треба да се има и „слух“ и за тоа што и колку во себе внесувате, ако сакате здраво и убаво да изгледате.
Атрактивната Ана тоа добро го знае, па затоа каде и да е, секогаш кога има прилика не бега од старата добра навика, свежо овошје и зеленчук да пазарува. А каде најдобро, најубаво и најпробрано, ако не на пазар?
Фитнес инструкторката се упати на нејзиното омиленото пазарче, но штом се појави, веднаш можеше нешто необично на неа да се забележи. Ана дотерана без маана, со шминка и фризура за „исполирана визура“, стокмена „од веѓи до табани“, како да оди на некој моден базар, а не на зелен пазар!
Но, веќе по првите кадри беше јасно дека појавата на пазарот на сексапилната инструкторка има двојна цел, двојна намена: И да испазари здрава, растителна храна и себеси да се испромовира, додека со манекенски „сat walk“ чекор парадира и позира меѓу пазарските тезги, правејќи по некое овошно-зеленчуково селфи…
Или поточно, позира пред фотобјективот со полни кеси овошје и зеленчук за нов почеток на зимската фитнес сезона.
А таму, Ана Стојанова покрај здравата и свежа растителна храна, стигна да го покаже и најдоброто од себе…
И однапред и одзади… И големата заоблена, цврста и подигната задница и бујните гради, откако сето тоа заедно успеа да го „вкомпонира и вгнезди“, помеѓу пазарските тезги!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/annstojanova