По веста за смртта на Ферус Мустафов, социјалните мрежи се преполнети со споделени написи од медиумите, но и збогување со „кралот на саксофонот“. Особено неговите колеги од македонската естрада се оние кои со пиетет и зборови утеха на сеќавање, се простуваат од својот колега, соработник, пријател и другар… малиот – голем музичар и човек, Ферус!
Еве ги последните поздрави на оние македонски естрадни и јавни личности кои први се огласија збогувајќе се од починатиот музичар на Фејсбук:
Пејачката Росана Сариќ – Тодоровска
Колегата саксофонист и кларинетист Зоран Крагуевски
Младиот пејач и кумашин Огнен Здравковски
Фолк ѕвездата Сузана Гавазова
Колегата Лазар Наумов од групата „Бумбари“
ТВ водителката Анита Даева
Уште еден крал на својот инструмент, овој пат на трубата – Кинг Наат Велиов
Македонската фолк ѕвезда Елена Велевска
Владимир Блажев, алиас Панчо од арен би дуото ДНК
Подкаст водителот Стефан Лазаров, кај кого Ферус го имаше последното јавно гостување
Музичарот и гитарист Петар Ренџов
Фолк пејачот и некогашен член на „Браво Бенд“ – Живко Динев
Актерот, пејач и водител Игор Џамбазов
…И уште многумина други. Листата е предолга за да ја собере во една објава… Почивај во мир „кралу“ и нека ти е светол патот кон царството небеско, во спокојот на вечноста која оддамна ја заслужи… Таму, каде што отсега ќе им свириш на ангелите.