Радио Милева нивните овде растураат, нашите таму нигде ги нема...

Македонската естрада никако да ја мине границата: Зошто сите Срби добро поминуваат во Македонија, а речиси ниту еден Македонец не успеа во Србија? (ВИДЕО)

Македонската естрада никако да ја мине границата: Зошто сите Срби добро поминуваат во Македонија, а речиси ниту еден Македонец не успеа во Србија? (ВИДЕО)

Во последните децении, особено последниве години Србија се покажа како најголема и најдоминантна на Балканот, која традиционално наметнува трендови и правила на игра во регионот во многу области од забавата, културата, театарот, филмот, спортот… Меѓудругото и во естрадата, односно музиката од било кој жанр. Од рок, поп, рап, трап, до турбофолк…

Некако сè што доаѓа од Белград, со брзина на светлината се шири низ целиот регион. Од Марија Шерифовиќ, Жељко Јоксимовиќ, Саша Ковачевиќ, Жељко Самарџиќ,  преку Ацо Пејовиќ, Цеца, па се’ до Раста, Реља Поповиќ, Војаж, Наташа Беквалац или Милица Павловиќ. За Чорба, Бајага, Чолиќ, Брена… и да не говориме.

Ова се само дел од српските имиња кои се редовни со настапи во Македонија. А Македонија прифаќа буквално се’ и не забранува никого и токму и затоа сите српски пејачи успејаа кај нас. Но прашањето кое се наметнува само по себе. Зошто сите Срби добро поминуваат во Мaкедонија, а ниту еден Македонец во Србија, со исклучок на еден – двајца како покојниот Тоше, Влатко Стефановски, Калиопи и евентуално Каролина? Како тоа за сиве овие години се случи тие да изнесат милион евра во кеш од „малата естрадна бара полна крокодили“ – Македонија, а нашите естрадни уметници не можат да го мината ни Табановце? Одговор на овие прашања побара најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ од некои  српскитеестрадни личности.

Нивните одговори, мислења и констатации проследете ги во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

To top