Радио Милева

Македонската актерка и екс-мисца открива: „Водев љубов на Водно во недоградена куќа и некои соседи не гледаа“ (видео)

Македонската актерка и екс-мисца открива: „Водев љубов на Водно во недоградена куќа и некои соседи не гледаа“ (видео)

Кога новинарите на поголемиот дел од познатите македонски личности ќе им постават прашања поврзани со приватноста, интимата, сексуалноста, тогаш тие најчесто се резервирани и за жива глава не откриваат такви сочни детали.

Сепак, многу ретко, но има исклучоци, а една од тие е младата македонска актерка и поранешна мис на Македонија, Јана Стојановска. Кога е во прашање сексот и голотијата  пред камери, таа не е резервирана за ваквите улоги, а последно беше жешката секс-сцена во серијата „Сенки над Балканот“.

фото:принтскрин

Актерката беше гостинка пред камерата на естрадниот магазин „Бекстејџ“ на новинарот му даде доста сочни одговори кога се во прашање љубовните врски, сексот за една вечер, како и тоа кое е најчудното место каде водела љубов.

-На средно Водно се градеа куќи,  во една каде беа само дел од ѕидовите и спратови, ете таму. Беше многу романтично затоа што беше отворено небото, можеше да се видат ѕвездите имаше некои комшии што не гледаа, без резерва одговори Јана, а додаде и дека нема ништо против сексот за една вечер.

фото:принтскрин/јутјуб/бекстејџ

Интересен одговор имаше и на прашањето дали може да опстои љубов после неверство на што вели:

-Понекогаш мислам дека е потребно да се случи неверство за да се стабилизира и освести она што веќе е постоечко во врската. Некои неверства ја завршуваат врската, но некои и тоа како ја стабилизираат врската што веќе постои, вели Стојановска која сака својот партнер да биде шармантен и свој.

Инаку, актерката Јана Стојановска веќе неколку години е во врска со српскиот кошаркар Андрија Бојиќ со кој живее заедно во Скопје.

To top