Радио Милева незаборавно...

Македонската актерка чека покана: Катерина Шехтанска и другарките се потсетија на младоста и „првата љубов“ во која се’ уште се вљубени (ВИДЕО)

Македонската актерка чека покана: Катерина Шехтанска и другарките се потсетија на младоста и „првата љубов“ во која се’ уште се вљубени (ВИДЕО)

Секој од нас понекогаш седнува и прави рекапитулација на животот. На времето минато, поблиско или подалечно, на годините кои летнале „како бели галаби“, на младоста, другарите, на она што си го правел и како си живеел кога си мислел дека „се’ што лета се јаде“… И било убаво. Било ново, возбудливо, привлечно, атрактивно… Конечно, не попусто стихот од песната вели: „Се’ е лесно кога си млад“…

Затоа понекогаш со задоволство се присетуваме на сликите од младоста кои како филмски журнал  набрзина ни минуваат низ главата, потсетувајќи не на патот од она што сме биле некогаш, до она што сме денес. На времето на „безгрижни шепотења“ и „слатки маки“ кои од оваа перспектива ни изгледаат смешни но и убави.

Оние кои се занимавале со некакво јавно хоби пак имаат и фото и видео документи од „најубавите години“ на нивната младост, која одвреме – навреме сите ние знаеме  или се обидуваме барем за миг да ја „репризираме“!

Македонската актерка Катерина Шехтанска токму на својот Фејсбук направи таква „реприза“  на моментите од младоста… И уште потсетување на претходната „реприза“ кога она што таа младост и ја одбележа, слевеше јубилеј – две децении постоење.

Имено, актерката како и многу повеќе или помалку познати девојки и жени, покрај тоа што веќе потекнува од актерско семејство, своите први чекори во светот на јавниот живот и медиумското експонирање ги направи во најпознатото и веројатно најстарото балетско студио кај нас – „Ребис“.

Стотици јавни настапи, на фестивали, натпревари, музички спотови, телевизиски шоуа и емисии, прослави, јубилеи, манифестации… Стотици кореографии со стотици илјади чекори и плејада помалку или повеќе познати лица минале низ она што пред 27-28 години кореографот од Нови Сад, Гордана Деан – Попхристова го зачна како современ и модерен балетски израз во Македонија, оформувајќи го балетското студио „Ребис“.

Токму во него ги направиле првите чекори многу девојчиња и понекое момче, денес веќе сериозно изградени личности, жени и мажи, мајки, сопруги, признати професионалци… секој(а) во својата област. На многумина од нив тогаш „Ребис“ им бил втор дом, место за дружење, социјализација, забава, акумулирање професионално и животно искуство, и пред се’ хоби, кое со љубов кон балетот и современите танци го практикувале.

Некои од нив останале во уметничкиот еснаф, како штипјанецот Игор Киров на пример, денес познат и светски признат кореограф и уметнички директор на балетот при Хрватскот народно казалиште во Сплит.

Или и самата Катерина Шехтанска која денес е успешна актерка…

Потоа Марјана Станојковска како најпозната македонска лото девојка и ТВ водителка…

Па, Хелена Роза – исто така некогашна ТВ водителка…

Но и некои, кои стана успешни и признати во некои други професии како на пример  Смиљана, денес Др.Смиљана – лекар во Рентген институтот при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Скопје, пошироко позната како убавата и шармантна сопруга на актерот Сашко Коцев...

Или Снежана Билко – мотивациски говорник, автор, тренер за личен раст и развој…

Потоа,  Алма Веселински... Впрочем, ги има многу, зашто низ „Ребис“ минале стотици… и секој(а) од нив оставил(а) свој траг, но со себе понеле и „парче душа“ од она што таму како искуство и знаење  го стекнале.

Затоа „првата љубов од младоста“, првото хоби за некого како вовед во професијата, но за сите како „педворие на животот“, не се заборава.

Токму дел од некогашните членки на „Ребис“, меѓу кои и актерката Шехтанска се присетија на тие времиња, но и на првиот поголем јубилеј во 2012-тата година, кога нивниот „Ребис“ славеше 20 години постоење со голем уметничко-балетски перформанс во тогаш се’ уште функционалната „Универзална сала“.

Возбуда, емоции и сеќавања и една заедничка желба проследена во порака: „Чекаме покана за 30 години постоење!

Новиот јубилеј не е далеку, само времињата белким дотогаш ќе бидат нподобри и… „старо – нормални“, а не како денес… Во меѓувреме погледнете го видото што некогашните тинејџерки од  „Ребис“ го споделија од прославата на минатиот јубилеј – 20 – годишнината на балетското студио, за што добија безброј лајкови и коментари, меѓу кои првиот од нивната „идејна мајка“ – Гордана Деан Попхристова.

Веруваме дека повеќето од нив ќе ги препознаете… И денес се…  Simply The Best…!

 

To top