Ова е период од годината кога започнуваат шпекулациите и нагаѓањата кој ќе ја претставува земјава на претстојниот Евросонг 2018. По социјалните мрежи веќе тргнаа претпоставките, кои бргу ги пренесоа и порталите дека пејачката Анета Мицевска од битолската фолк група „Молика“ е „сигурен патник“, како македонски претставник на следната Евровизија 2018. Демек, се чека само каква песна чупето ќе добије?! Од МРТВ – јавниот сервис кој ги има правата, а со тоа и правото на избор кој ќе ја претставува засега нема официјален став. Се молчи до последен момент! И додека јавноста со нетрпение очекува дали шпекулациите ќе се потврдат или демантираат, една друга приказна поврзана за Евровизија 2018 и уште една македонска, овој пат поп пејачка тргна по социјалните мрежи!
Имено, постои можност прилепчанката со скопска адреса на живеење, поп пејачката Елена Петреска да ја претставува државата Сан Марино на претстојниот Евросонг! некому можеби звучи чудно, некому изненадувачки, ама ова нме е шпекулација и навистина е така! Тоа го потврди и самата пејачка објавувајќистатус нна својот Фејсбук профил на кој бара поддршка и гласање за неа. Доколку ги собере потребните гласови, односно победи, Елена би ја пртставувала градот-држава Сан Марино со нејзинатапесна од последниот „Макфест 2017“, насловена „Нешто“!
Еве што пишува Елена Петреска на Фејсбук:
„Драги пријатели започна изборот за Евровизиски претставник на државата Сан Марино. Оваа година Сан Марино во соработка со Лондонската продукција 1ин360 ЛТД избира претставник од било која држава, кој ќе ги претставува како земја. Во овој избор влегов и јас, па би сакала да ме поддржите со тоа што ќе влезете на линков и ќе гласате за мене. Доколку соберам доволно гласови ке настапувам на лајв шоуто за избор на евровизиски претставник. На линкот се претставив со мојот настап од Макфест 2017 со песната „Нешто“. Навстина сум среќна што учестувувам на овој избор и се надевам дека ќе ме поддржите. Ви благодарам најмногу! Благодарам и на мојот драг пријател Данијел Стојадиновић за поддршката!
П.С. И секако, доколку сакате споделете го линков за што повеке луѓе да можат да учествуваат во гласањето“!
Можете да гласате на следниот линк – 1 ин 360/Еуровисион 2018
Се гласа преку интернет и се’ што е потребно е да одите на наведениот линк и да кликнете на срцето.