Радио Милева шампион

Македонката Славица Ангелова е победник во „Ѕвездите на Гранд“: Еве колку точно гласови доби и што освои (фото)

Македонката Славица Ангелова е победник во „Ѕвездите на Гранд“: Еве колку точно гласови доби и што освои (фото)

Македонката Славица Ангелова победи во вечерашното суперфинале на „Ѕвездите на Гранд“.

Младата струмичанка доби повеќе гласови од босанскиот фаворит Драган Ѓуриќ и заслужено триумфираше во најгледаното регионално ТВ-шоу. Саша Поповиќ ѝ ги врачи клучевите од автомобилот „фиат типо“ кој заслужено заминува во нејзини раце.

Ангелова со нешто повеќе од 88.000 гласови (17.000 повеќе од второпласираниот Драган Ѓуриќ) ја освои ласкавата титула победник на 17-та сезона на музичката талент шоу програма „Ѕвезде Гранда“.

Ангелова уште со нејзиниот прв настап покажа дека е еден од најсериозните кандидати за освојување на првото место. Нејзиниот талент веднаш го препозна и рокерот Ѓорѓе Давид кој на првата аудиција ѝ порача дека одамна се нема појавено таков талент во популарното музичко шоу.

„Ми претставува голема чест. Морам да ти кажам дека од Џејла Рамовиќ се нема никој појавено, барем што се однесува до мене, кој толку ме има изненадено и усреќено. Навистина ти се радувам“, ѝ порача тогаш Ѓорѓе Давид.

Славица е студентка на медицинскиот факултет, а на јавноста ѝ е позната и по учеството во бугарскиот The Voice.

Оваа автентична млада интерпретаторка големо внимание посветува и на изгледот. Во секојдневието е поопуштена и секогаш е за кежуал варијанта, соодветна на нејзината возраст.

„Во секој случај, мојата цел е да бидам оригинална и своја“, истакна во една прилика.

 

To top