Мегафон

Македонка меѓу најубавите на светски избор за убавина

Македонка меѓу најубавите на светски избор за убавина

Дваесет и две  годишната манекенка месецов ја претставуваше Македонија на интернационалниот избор за убавина “Lady Universe” кој што се одржа во Софија во хотелот “Маринела”.

Во силна конкуренција  со земји учеснички од целиот свет Анѓела успеа да  ја освои титулата  “Best Catwalk.”

Таа за нашиот портал изјави:

„Чест и задоволство ми е што на ваков интернационален избор за убавина успеав да ја освојам титулата за “Best Catwalk”. Веројатно затоа што чекорењето ми е најважно, не знаете на што можете да нагазите“.

Манекенката на овој интернационален избор  беше спонзорирана од брендот “NANA” во соработка со националниот директор Роберт Граматиков.

Изборот за убавина траел една недела на којшто девојките се претставиле во национални костуми, костими за капење и вечерни тоалети.

За време на овој интернационален избор, покрај големиот број на фотосесии и исцрпните проби  се одржало и  модна ревија, кадешто на Анѓела и било  укажано  честа да ја отвори истата.  Манекенката ја презентираше колекцијата на дизајнерот Христо Чучев, како и на модната куќа “Axel Hardy”.

 

View this post on Instagram

 

FASHION SHOW / TRADITIONAL COSTUMES/ LADY UNIVERSE 2018 ✨

A post shared by Angela Jakimovska (@angelajakimovska1) on

Анѓела својата манекенска кариера ја започна уште на 16 години, а првите интернационални ангажмани ги доби за време на нејзините студии во Хрватска, Сплит.  Анѓела сега е 4-та година на Економскиот факултет во Скопје и  е дел од модната агенција “Моделс Ин”.

To top