Радио Милева македонија во вените...

Македонија тукушто ја откри Шпанката со македонска душа, а Маика Маковски вака се заблагодари: „Крвта не е вода“… ама не е вода и уште нешто… наздравје! (ВИДЕО)

Македонија тукушто ја откри Шпанката со македонска душа, а Маика Маковски вака се заблагодари: „Крвта не е вода“… ама не е вода и уште нешто… наздравје! (ВИДЕО)

Деновиве пишувавме за Маика Маковски, шпанската музичка сензација со македонски корени и славјанска душа. Пејачка, музичар, кантаавторка која туркајќи го својот етно стил во својата музика низ таканаречениот  жанр „world music“, не заборавила која е ,од каде потекнува, од каде ги влече своите корени.

Така во својот репертоар пејачката од чиј ангелски глас ќе ве полазат морници, чиј сугестивен и моќен вокал ќе ве наежи и разнежни во истовреме, ја вкклучи песната „Mакедонија“, посветена на земјата на своето потекло по татко.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/zapoznajte-ja-maika-makovski-shpanskata-muzichka-senzacija-so-makedonski-koreni-i-slavjanska-dusha-foto-video/

И додека Mакедонија допрва ја открива Mаика и нејзината музика, откако темата „Македонија“ стана своевиден вирален хит на социјалните мрежи кај нас, фидбекот брезо стигна назад, до нејзината авторка.  Пресреќна што нејзината „прататковина“ полека ја запознава и неа и нејзиното творештво, Маика јавно се обрати преку социјаните мрежи за да и се заблагодари на својата нова публика во Македонија, на својот народ од кој  влече дел од корените на своето животно постоење.

Можеби Македонскиот јазик не го владее кој знае како, но кантавторката најде доволно зборови за да го искаже задоволството, радоста и среќата, а возбудата и емоциите беа видливи на нејзиното лице. Као и не би кога… „Крвта не е вода“, нели, како што вели и самата Маика, ама за неа, не е вода и уште нешто… Што тоа, од видеото што следува:

Повеќе од очигледно е дека Маика е наше дете во чии вени тече јужначка крв, „македонско девојче“ со шпански темперамент и балканска душа.

Но, додека повеќето Македонци и љубители на музиката допрва ја откриваат и за првпат неодамна слушнаа за неа, некои наши луѓе, нејзини колеги не само што ја знаат, познаваат лично, туку и заедно веќе настапувале со неа и нејзиниот бенд.

Еден од нив е и македонскиот мултинструменталист, виртуозот на нардони изворни инструменти, познатиот музичар и фолклорист Стефче Стојковски. Имено, тој сподели заедничка фотографија со Маика Маковски направена за време на еден нивен заеднички настап при гостувањето на него и неговиот оркестар на народни инструменти во Каталонија, Шпанија.

 

Стојковски ја сподели фотографијата во магазинот „Везилка“ чии содржини воглавно се наменети за нашите иселеници во странство и македонската дијаспора ширум светот, кој прв ја објави сторијата за шпанската музичка сензација во чии вени тече македонска крв… Која дефинитивно, „не е вода“!

To top