Мегафон онлајн концерти

Македонија стои, Таксират постои! – онлајн концерти на ПИН ТВ

Македонија стои, Таксират постои! – онлајн концерти на ПИН ТВ

Ако Таксират е народски познат како “bad luck”, а 2020-та како пандемска, тогаш за нас ова е природна состојба. Не смеете да шетате, да се дружите, нема проблем цел декември ќе дојдеме ние кај вас!, велат од Пасворд продукција.

Така, седејќи, размислувајќи надвор од сцената, се роди идејата за ПИН ТВ – 24 hour NO party people! Дваесет и две години по ред, Таксират Фестивал e малата коцка во градењето на културниот живот во Македонија!

ПИН ТВ е целодневна програма, спакувана во телевизиски формат со времетраење од 13 ЧАСА, која  беше ексклузивно емитувана на 13-ти декември (недела), под наслов “24 hour NO party people”, на МРТ 3, како и ФејсбукЈутуб каналите на Таксират Фестивал и единствената музичка конференција ПИН.

Нејзиниот карактер е динамичен, а нејзината цел е на уникатен и наш начин, да ги документира сите случувања од светот на креативната индустрија во изминатиот период.

Целата програма ќе биде бесплатна за гледање, споделување и уживање во искуството на стотици музички професионалци, пријатели и соработници од 40 различни држави.

Дознајте што ПАПАТА бара во рајдер за бекстејџ, кои се омилени бендови на ХЕЛСИНКИ од LA CASA DE PAPEL, кои песни ги обожава ROCCO SIFFREDI, дали ќе го биде EXIT FESTIVAL, POHODA или GLASTONBURY, дали е потребно музичко ЕКСПОРТ биро во Македонија, како да се заработи од ТИК ТОК, колкави хонорари се вртат во светот на музиката

Но, не е само тоа, Таксират екипата, тивко и дисциплинирано изработи точно 20 КОНЦЕРТИ! Иммавте можност екслузивно да ги гледате на 13-ти на ПИН ТВ, но и цел останат декември – месец традиционално резервиран за Таксират Фестивал.

СУПЕРХИКС, БЕРНЕЈС ПРОПАГАНДА, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, ЉУБОЈНА, ЏАМБО АГУШЕВ, победниците на Лузер Фест – CUT YOUR NIPPLE, АНТОНИЕ ВЕСКОВСКИ, ФАНКИ ФРЕШ, ПЕРИЈА, ЈОН АЈДИ, ТОКА ШИТЕТ, ќе ви ја доловат убавината на Скопје кое ќе биде и домаќин на изведувачи од УгандаКанадаСловачкаГрцијаЧешкаФранцијаБелорусија, како и три бенда од земјата фокус на овогодинашниот ПИН ТВ – Германија.
To top