Мегафон

Македонија со Васка Јанковска и песна од Горан Бреговиќ на „Евровизија 2018“?

Македонија со Васка Јанковска и песна од Горан Бреговиќ на „Евровизија 2018“?

Како што одминува времето, се зголемува и нетрпението да дознаеме кој ќе нè претставува во Лисабон, а после шпекулациите дека улогата ја добила Анета Мицевска  од битолската група „Молика“, МРТ деновиве конечно „го скрши мразот“ и распиша конкурс за сите домашни и странски автори да испратат песни најдоцна до 8 февруари. Како што пишува во соопштението, изведувачот ќе биде избран дополнително, врз основа на самата композиција.

Иако (повторно) сè уште е рано да се коментира, веќе се спомнува уште едно име што би било потенцијален претставник, поточно претставничка на Македонија за 63. издание на популарниот фестивал, а како автор би се потпишал еден добро познат музички великан од Балканот. Имено, како што пишува „Вечер.прес“, меѓу изведувачите што се „во игра“ најчесто се спомнува името на популарната скопјанка Васка Јанковска, која се стекна со светска популарност пеејќи ја култната песна „Едерлези“(„Ѓурѓевдан“) во исто така култниот филм „Дом за бесење“. Во тоа време стана и активна членка на „Оркестарот за свадби и погреби“ на славниот Горан Бреговиќ.

Настапуваше насекаде, од Јужна Америка до Австралија, и беше големо музичко име. Со години е во фаза на мирување, но и не за постојано. Историјата како да се повторува, па според сите достапни информации, по сè изгледа дека Васка ќе ја обнови соработката со Бреговиќ, и тоа по повод македонскиот избор за „Песна на Евровизија“.

Како и да е, дали ќе биде Васка или Анета или некој/а друг/а, сакале или не, ќе дознаеме наскоро бидејќи „Евровизија“ е веќе во мај, а сите песни што ќе се натпреваруваат во Лисабон мора да бидат познати до крајот на март.

Извор:Вечерпрес

To top