Регионот пред повеќе од десеттина години го потресе порно филмот на тогаш и не толку славната и популарна хрватска пејачка Северина Вучковиќ. Жешката акција на јахтата помеѓу бизнисменот и пејачката со недепилирано меѓуножје, заврши со шампањско и наводна судска тужба, која Севе подоцна ја доби. Ама доби и нешто друго… Огромна популарност што и ја катапултираше кариерата во ѕвездената орбита. Оттогаш таа е поп кралица во регионот!
Деновиве слична афера во јавноста и кај нас, во Македонија! Порно… или поточно клип со еротска содржина осамна по приватните мобилни телефони, а некои велат кратко го имало и на социјалните мрежи, а во него, една (исто како Севе на времето), не толку позната македонска фолкерка од Битола. Вистинското име и презиме и е Марија Тодоровска (25), во јавноста многу попозната под уметничкиот прекар Марија Луиса.
Оние што го виделе, го виделе, другите бараат кај да го најдат… Во меѓувреме веста за видеото и самото видео стигна и до медиумите, па осамнаа и ппрвите написи, во кои младата фолкерка се обидува да ја појасни ситуацијата.
„Бев во врска со дечко кој не живее во Македонија цели две години. Мислев дека се сакаме, се што правев со него, правев од чиста љубов. Кога тој започна да инсистира на брак, ја прекинав врската, бидејќи сфатив дека не е таков каков што ми се прикажува и има сериозни проблеми со однесувањето. Не требаше да чекам долго за да ја покаже својата вистинска страна. Мои пријатели од него добија видео клипови, кои за некого можеби се со порнографска содржина, но за мене тоа е само љубов, во која што сум верувала цели две години. Затоа, на сите кои што го виделе видеото со мене, сакам да им појаснам дека тоа не е никакво порно, туку снимка од двајца млади, кои некогаш биле вљубени. Јас не сум и никогаш нема да бидам порно актерка, и сум навистина вознемирена од сето ова што ми се случува деновиве“ – ќе изјави пејачката за Фокус.
Ама филмче си е филмче, односно клипче, па ти оди докажи дека… „е од љубов“!
Затоа сексапилната Марија која и пред тоа знаеше да ја шокира јавноста со провокативни фотосесии, на кои позира разголена, овој пат реши да се огласи и на својот Фејсбук профил… за да го појасни дејствието до крај:
После Северина и нејзината „случајна снимка“, прашање е дали еротската приказна на оваа нашава, е случајно или намерно пуштена во јавноста.
Ако можеше Северина после „порничот“ од локална пејачка да стане регионална поп кралица, можеби може и Марија Луиса да стане барем македонска топ фолк ѕвезда! Што да не, кога и онака клипчето е снимено… „од љубов“!