Јавниот сервис, националната Македонска радио телевизија (МРТ) го потврди учеството на Изборот за песна на Евровизија во 2020 година која ќе се одржи во Ротердам, Холандија. За жал и таму ќе настапуваме како „Северна“ Македонија.
Инаку, МРТ се’ уште го нема објавено начинот на кој ќе го избере евровизискиот претставник за Евросонг 2020. Во изминативе неколку години тој се избираше по пат интерен избор во МРТ.
Според извори од музичките кулоари, неофицијално во игра, односно во најтесен избор за наш следен евровизиски претставник се: Сара Мејс, Лозано, Антониа Гиговска… и уште едно-две имиња од македонската естрада. На потег да пресече е МРТ!