Радио Милева

„Македонци вие сте нешто неверојатно“: Марија Шерифовиќ искрено откри што мисли за македонската публика!

„Македонци вие сте нешто неверојатно“: Марија Шерифовиќ искрено откри што мисли за македонската публика!

Единствената пејачка која успеа да ја донесе Евровизија во Србија, Марија Шерифовиќ важи за една од најдобрите вокали во регионот. Каде и да се појави Марија ги полни салите, стадионите, а нејзините фанови ги пејат нејзините песни од прв до последен стих.

Шерифовиќ во март првпат имаше концерт во Скопје, каде што успеа да го наполно „Борис Трајковски“, а македонските фанови во хор ги пејаа нејзините песни.

По концертот во Скопје, во август Марија ќе настапува и во Охрид, а сега искрено прозбори како се чувствувала кога првпат се појавила пред македонските фанови.

„Да бидам искрена и да ви кажам навистина најискрено, бидејќи не сум некој кој лаже кого било. Кога првпат дојдов во Скопје, тоа беше оваа година во февруари или март. Не знам кој беше точниот датум. Не знаев што можам да очекувам, сите ми зборуваа: „Тоа е супер публика, тоа се прекрасни луѓе“. Но, едноставно кога одите некаде за првпат не знаете што може да очекувате. Вашата публика пријатно ме изненади, нешто неверојатно. Толку срдечност и толку искреност, не знам… Чудни сте, навистина.“ – беше искрена Марија за 1ТВ

Инаку, Марија е дел од жириот на Ѕвездите на Гранд, каде што настапуваат и македонски претставници, па често знае да ги пофали или да ги посеветува за следниот настап.

фото: Фејсбук

To top