Легендарниот Мајкл Џордан се огласи по смртта на Коби и неговата ќеркичка, со зборовите:
„Јас сум во шок поради трагичната вест за заминувањето на Коби и Џиана. Зборовите не можат да ја опишат болката што ја чувствувам. Го сакав Коби, тој ми беше како помал брат. Отворено разговаравме и многу ќе ми недостасуваат тие разговори“ – изјавил Џордан, додавајќи:
„Тој беше жесток конкурент, еден од најголемите во играта и креативна сила. Коби исто така беше неверојатен татко кој длабоко го сакаше своето семејство и се гордееше со љубовта на неговата ќерка кон кошарката. Ивет ми се придружува во испраќањето на моето најдлабоко сочувство до сопругат на Коби, Ванеса, до Лејкерси и љубителите на кошарката ширум светот“.
Извор: ТМЗ Спортс
Фото: Инстаграм скриншот