Децата на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, уште откако се родија се во фокусот на јавноста. Актуелноста им опадна по смртта на татко им, но сепак како деца на Џексон тие секогаш ќе бидат во центарот на медиумското внимение и јавноста.
Откако излезе документарецот за Мајкл во кој две од децата, (сега возрасни мажи) со кои другарувал изјавија дека се сексуално злоставувани, семејството на Џексон и денес остро реагира на ваквите обвиниувања за кои велат дека се само за пари.
Ќерката на Мајкл пак, Парис, проговори за својата сексуална ориентација. Во еден понов документарец зза Парис, таа раскажа дека нејзиниот татко уште од рана возраст се шегувал со неа кога станува збор за девојки. Таа додаде дека тој знаел дека таа е бисексуалка уште тогаш.
View this post on Instagram
22-годишната пејачка се отвори и кажа дека никогаш не мислела дека ќе заврши со машко и дека цврсто била убедена дека ќе се ожени со девојка.
– „Татко ми разбра многу брзо, мислам дека ја почувствува енергијата и се шегуваше со мене како што се шегуваше и со брат ми за девојки. Многу имав среќа што го имав тоа искуство, особено на толку рана возраст. Имав 8 или 9 години, додаде Парис“.