По речиси 50 години работење во филмската индустрија, Мајкл Даглас доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните.
„Ова е огромна чест. Сакам да уживам во ова со мојата сопруга и синот“ – рече тој.
На црвениот тепих, Мајкл позираше со своето семејство.
На настанот присуствуваше и Џејн Фонда.
За време на својата актерка кариера, Даглас имаше можност да биде дел и од „стариот Холивуд“ и од „новиот Холивуд“. Вo негови раце досега имаат завршено два Оскари, еден за неговата улога во „Wall Street“, а друг како продуцент на филмот „One Flew Over the Cuckoo’s Nest“. Негови најзапаметени улоги се и во филмовите „Fatal Attraction“, „Basic Instinct“, „The American President“, „The Game“, „Romancing the Stone“ и „The Jewel of the Nile“.
Славниот актер ја доби 2.648-та ѕвезда, која се наоѓа во близина на ѕвездата на неговиот легендарен татко Кирк Даглас.