Секојдневно во светските медиуми може да се прочитаат само негативни коментари и написи за меган маркл, особено откако го напушти кралството и се пресели со принцот Хари во Канада.
Сега, се појави информација дека Меган Маркл и принцот Хари ги исфрлиле Крис Џенер и кланот Кардашијан-Џенер од А-листата на славните со кои сакаат да се дружат.
Парот моментално бира кој ќе биде во неговиот близок круг на пријатели, додека го започнува својот нов живот во Канада.
На подолгиот попис на ТВ водители, филмски актери и други познати личности, Крис Џенер не е наведена како некој со кого Меган и Хари сакаат да го поминуваат времето.
„Меган е задоволна со бројот на селебрити од А-листата, па мора да биде внимателна со кого се обврзува да го поминува времето“, открил извор за магазинот „Heat“.
Крис неколкупати се обидела да организира состанок со Меган и Хари, но изворот вели: „Меган засега одлучи да се дистанцира од семејството Кардашијан.“