Српските медиуми пишуваат дека наводно во домот на Дарко Лазиќ и Марина Гагиќ не изгледа се така совршено како што е.
Наводно Марина нема доверба во Дарко, па затоа го следи на сите настапи. Каде и да оди Дарко, таа оди со него, а малиот Алексиј кој што има пет шест месеци го остава на својата свекрва, пишува магазинот „Стар“.
Мајката на Дарко го обожава својот внук, но мисли дека Марина е многу распуштена и се однесува како тоа дете да не е нејзино, тврдат српските медиуми.
„Марина често го следи Дарко, дури и ако не оди со него, знае да набрзина да се подготви и да го остави детето кај Бранка на чување, а потоа оди да провери дали Лазиќ е на тоа место каде што кажал дека ќе биде. Во последно време многу претерува. Таа прво му кажа на Дарко дека има уште едно внуче од другиот син и дека не е во ред Марина да се потпира на неа. Дарко тоа го пренесе на својата драга, а таа веднаш се скара со својата свекрва. Бранка не можеше да верува на кој начин се обрати Марина, па во еден момент и кажа:
„Ако не ти е убаво кај нас тогаш спакувај се и оди кај својата мајка. Не знам дали на неа ќе можеш така да и го оставиш бебето за да проверуваш Дарко. Јас го сакам Алексиј, тој е сонце на баба, но тој е мал за да ти секоја вечер го чуваш Дарко наместо да бидеш со детето. Детето во прегратки, па оди чувај го Дарко“ вели извор за курир.рс и додава:
„Марина по кавгата замина дома кај нејзината мајка, а дома се врати кога пристигна Дарко. Ни на него не му е лесно, но мисли дека неговата мајка е во право. Тие разговараат, но не е како претходно. Многу се резервирани. Марина му кажа на Дарко дека е време да побарат дадилка, а кога ќе слушне Бранка дури тогаш ќе биде лошо“ тврди изворот.
За потсетување, Марина и Дарко пред неколку месеци го добија синот Алексиј, а Дарко од првиот брак ја има ќерката Лорена.