Радио Милева проба, разговор, почит

Мајкл Даглас откри детали за успешно снимање на интимни сцени во филмовите, според него клучно е само едно

Мајкл Даглас откри детали за успешно снимање на интимни сцени во филмовите, според него клучно е само едно

„Ниски страсти“, „Фатална привлечност“, се само дел од филмовите каде сме го гледале актерот Мајкл Даглас во близок интимен контакт со своите атрактивни колешки.

Во врска со снимањето на секс сцените, Даглас откри детали во медиумите резимирајќи една главна работа.

„Пробата е клучот за успешно изведени интимни сцени во филмовите. Борбените сцени бараат кореографија, и затоа тука е важно постепено да се разработуваат движењата. Актерите воспоставуваат ритам и постепено го зголемуваат темпото“, објасни Даглас како се снимале еротските сцени во неговите филмови.

Даглас, исто така, ја истакна важноста од почитување на своите колешки. Тој откри дека пред снимање на еротските сцени претходно разговара со актерките, се грижи да им биде удобно, а потоа бара согласност од нив за сè што ќе видиме на екранот.

Актерот вели дека јасната комуникација би вклучувала дискусија за конкретни дејства, како што се ставање раце на одредени делови од телото и бакнување.

Мајкл Даглас ја доби почесната „Златна палма“ на отворањето на годинешниот 76. Кански филмски фестивал за исклучителен придонес во филмската индустрија.

фото: Instagram/ @frazerkh/ @gettyimages

To top