Саша Поповиќ првпат јавно проговори за семејната трагедија која се случи кога имал само 24 години. Тоа било во 1978 година, кога Саша и неговата мајка останале без глава на куќаѕа, татко и сопруг, кога на неговиот автомобил налетало друго возило.
-Имав 24 години, кога тато во 1978 загина во сообраќајна несреќа. На автопат на неговиот автомобил налетал „Мерцедес“ со загребски таблички. Кога мајка ми ме разбуди и ми соопшти што се случило, бев хипнотизиран. По мачна борба за живот, умрел во болница. Ни денес не знам дали возачот заврши во затвор, вели Саша.
-Губењето родеител е многу тешко искуство. Додека беше жив, се сеќавам дека ме нервираше се што тој ќе каже. По неговата смрт, кога и да носам одлука, размислувам како би постапил тој во таа ситуација, објаснува Поповиќ.
Како што кажува, желба на неговиот татко била тој да студира, но кога почнал да се занимава со музика, сепак го поддржал.
-Немаше шанса да пуштам коса како другарите, а се занеше дека во девет часот мора да бидам дома. Кога на 16 години почнав да свирам во културно-уметничко друштво, првпат се заљубив. Беше постара од мене четири години. Не знам зошто, но секогаш сум сакал постари девојки. А тогаш со братучедот од чичко направивме мал оркестар. Почнавме да свириме по родендени кај пријатели. Тогаш некој не слушна, па не ангажираше на првата свадба. Еден ангажман до донесе следниот и така понатаму. Потоа во 1973 година се запишав на правен факултет, раскажува Саша.
-Стигнав до треба година. Три месеци се подготвував како да му соопштам на татко ми дека нема повеќе да студирам. Сепак, татко ми виде дека сакам со тоа да се занимавам и ми даде благослов, се сеќава Поповиќ, благодарен на татковото разбирање.