Радио Милева „одими-дојдими“

Мајка и ќерка на прошетка низ Белград: „Тијана и Брана, мала чета одбрана“ (фото)

Мајка и ќерка на прошетка низ Белград: „Тијана и Брана, мала чета одбрана“ (фото)

Мајка и ќерка, однос кој нема барири и незгодности, особенои кога и возраста го достигнува тоа ниво.

Пејачката Тијана Дапчевиќ и незината мама Брана деновиве уживаат во заедничките моменти и приликата да бидат близу една до друга. Мама и дојде на гости во Белград, прилика која не е секојдневие, па сега уживаат и дишат во ист ритам.

Всушност, Тијана најпрвин на гости ја имаше сестра си Тамара која дојде работно, потоа Тијана замина за Скопје за роденденот на внуката Хана, а сега откако се врати дома, повторно има драг гостин – мама Брана.

За заедничките моменти Тијана се пофали на Инстаграм додека се шетаат низ Белград. Направија неколку фотографии кои ќерката ги закачи на Инстаграм, а коментарите се редеа до недоглед. Прв беше Џанбазов кој ја најде и римата од нивната дружба: „Тијана и Брана, мала чета одбрана“, напиша тој.

Оние што за првпат ги гледаат заедно, коментираа дека мама е убава и негувана жена, па јасно е од кого Тијана ја наследила убавината.

Други пак се согласија дека од фотографиите им е јасно на кого личи Тамара.

Исполнети денови и тоа заедно со мама, никогаш не се доволни, особено кога како во случајов не живеат така близу.

Уживање, спомени и многу љубов!

фото:Инстаграм принтскрин/Тијана Дапчевиќ

To top