Радио Милева државата Србија, не ја заборави

Маја Оџаклиевска доби национална пензија во Србија: Пејачката живееше со 30 000 динари, а сега секој месец ќе добива плус 60 000 динари

Маја Оџаклиевска доби национална пензија во Србија: Пејачката живееше со 30 000 динари, а сега секој месец ќе добива плус 60 000 динари

Владата на Србија го прифати предлогот на комисијата за доделување признанија за придонес во националната култура, а 20 уметници, меѓу кои и македонскат пејачка која со децении работи и живее во Белград – Маја Оџаклиевска, до крајот на животот ќе добиваат додаток од 60 000 динари (30 000 денари) на редовната пензија, односно национална пензија.

Таа во една прилика истакна дека живее од пензија која изнесува 33 000 динари или околу 16 илјади денари, а сега истакна дека е еуфорична поради зголемувањето на приходот и признанието.

-Среќна сум, а помалку и еуфорична. Мислам дека ова е важно признание и се восхитувам на секој кој го добил. Се надевам дека нема да има незадоволни од одлуката. Ние се трудевме Србија да ја претставиме во вистинско светло, изјави Маја за курир.рс.

Одлуката за доделување на национални признанија е донесена по осум години.

Потсетуваме,  Оџаклиевска ретко се појавуваше во медиумите, таа потполно се посвети на нејзиниот внука на кој му беше дијагностицирано аутизам

фото: принтскрин/јутуб/женска тв/из профила гранд/ртс

To top