Радио Милева баба по трет пат

Маја Оџаклиевска доби уште еден внук: Нејзина помала ќерка Андреа на свет донесе машко дете, а малечкиот го доби името Милутин (ФОТО)

Маја Оџаклиевска доби уште еден внук: Нејзина помала ќерка Андреа на свет донесе машко дете, а малечкиот го доби името Милутин (ФОТО)

Помалата ќерка на македонска пејачка Маја Оџаклиеска, Андреа Оџаклиеска, сега Живковиќ по втор пат стана мајка, а Маја баба и тоа одново на машко внуче.

Честитките пристигнуваат од сите страни  на социјалните мрежи, на кои веднаш се откри дека Андреа родила здраво и право машко чедо, а името на синчето кое го крстиле Милутин го објави неговата тетка, инаку братучетка на породената Андреа и внука на Маја..

За Андреа важи дека е  вистинска убавица, која убавината како и многу други работи наследила од мама Маја, а меѓу другото и широката топла насмевка, која како пејачката, ја краси и неа.

Во 2021 година додека веќе беше бремена со првото дете таа вплови во брачните води со нејзиниот долгогодишен партнер од Белград, сега нејзин сопруг, Милош Живковиќ.

 

Набргу потоа го добија своето прво синче, а сега две години подоцна на свет доаѓа и второто.

Со тоа Маја Оџаклиевска стана баба по трет пат и тоа на три машки внучиња.

 

За потсетување, Маја од постарата ќерка Теа го има внукот Лука, кој дојде на свет пред осум години, но за жал е дете со аутизам, за кое најмногу се грижи самата Маја.

„Жртвував добар дел од мојата кариера да бидам постојано со моите ќерки. Ги носев насекаде, работејќи паралелно, но и избирајќи дестинации за да бидам со нив. Самохраните родители најдобро знаат колку е тешко да се одгледуваат деца без помош на баби, тетки и други роднини. Не велам дека роднините не помагаа, но најголемиот дел од товарот падна врз моите плеќи и тоа е многу тешко. Уште потешко е кога имате две деца. Одговорна е и физички напорна работа, ако сакате да биде сè како што треба“ – ќе рече Маја пред неколку години за српски „Блиц“.

Фото: Instagram/andrea_odzaklijevska  и  YouТube

 

 

 

Поврзани теми

To top