Радио Милева милион прегледи

Маја Николиќ бара да се избрише видеото од Јутјуб каде пее на измислен јазик (фото)

Маја Николиќ бара да се избрише видеото од Јутјуб каде пее на измислен јазик (фото)

Со години на Јутјуб е популарно видео на кое Маја Николиќ ја пее песната „I Will Survive“ со превод.

Пејачката Маја Николиќ пред 9 години во една емисија ја отпеа хит песната на Глорија Гејнор „I Will Survive“, а снимката набрзо заврши на интернет каде еден духовит автор реши да ја титлува. Во верзијата „со превод“, која на Јутјуб ја нарекуваат „Маја пее на измислен јазик“, пејачката наводно вели: „ај ви сурвајв“ и „ај џаст бокала фајн хелме ба јо фејс“. Николиќ сега се огласи на Инстаграм и побара помош.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maja Nikolic (@majanikolic_official)

„Ова видео на Јутјуб има 994 илјади прегледи. Да ја исправиме неправдата и да ги замолиме сите да го пријават ова видео за да може да се симне и избрише. Затоа што насловот пее на измислен јазик, кој плука по мојот лик и дело и директно ја загрозува мојата кариера. Знаете дека јас сум најнаградуваната пејачка на Србија и Црна Гора, Македонија, Република Српска и сите области на поранешна Југославија, како и фактот дека завршив гимназија Светозар Марковиќ, насока културолошко јазичен смер за преведувач со сите нишани, во Ниш“, напиша Маја на Инстаграм и продолжи.

“Зборувам англиски како мајчин јазик, живеев во Америка 8 години, во Сан Диего и одев на академијата „Стела Адлер“ во Лос Анџелес. Многу е грдо што ова видео е на Јутјуб со години. Ве молам помогнете ми да ја поправам ова неправда и видеото да се тргне, што и ќе се случи ако го пријавиме“.

Фото:Принтскрин/Јутјуб

To top