Старлетата Маја Маринковиќ запрепасти многумина споредувајќи се со пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Ријалити ѕвездата на една фан-страница на социјалните мрежи сподели објава со која го споредува нејзиниот стајлинг со оној на Цеца, и напишала:
„Со вакви дами можете да ме споредувате ,а не со панаѓурски пејачки од рурални средини!“ – напишала старлетата, како Цеца да е од родум од Париз, а не од с. Житораѓа!
View this post on Instagram
Иако не навела ничие име, во вториот дел од изјавата поранешната задругарка очигледно алудирала на пејачката Сандра Чаприќ, која во последните интервјуа ја „почестила“ токму со таков опис.
Конфликтот меѓу нив двете започна откако Сандра ја објави преписката што ја имала со Марко Јањушевиќ Јањуш, нагласувајќи дека тој нема да се помири со Маја доколку таа не престане да „мрда со опашот“.
Фото:Принтскрин/ Инстаграм/vitamini_proteini4/majaamarinkovic