Маја Маринковиќ по низата проблеми што ги имаше со сега веќе поранешното момче Билал Брајловиќ, планира патување во Црна Гора.
Старлетата се подготвува да оди во Будва за да се сретне со својата поранешна голема љубов.
Таа сега објави дека се пакува и за неколку дена оди на одмор во Црна Гора.
Маринковиќ знае дека веќе е таму нејзиното поранешно момче Јањуш, со кој минатата недела гостуваше во една емисија кога и се вратија старите чувства кон него.
– Одам на море во Будва со другарка ми Слаѓа, морам да се вратам и пак да бидам старата Маја. Мислам дека сум добро психички, но работев многу во претходниот период – изјави Маја, која едвај чека да го сретне Јањуш.
– Слушнав дека Јанушко е во Будва со ќерка му, едвај чекам да се спуштам долу за да се видиме. Еве еден поздрав за него и да му кажам дека доаѓам. Ветувам дека нема да правам скандали, па сите видоа колку се забавувавме кога неодамна заедно гостувавме во една емисија. Имаше толку многу позитивна енергија. Ако се сретнеме во град или на плажа, ќе се напиеме, зошто да не. Таа негативност испари од нас, а во ред ми е што после се што сме имале и поминале, нема повеќе лоша крв меѓу нас – ги откри плановите Маринковиќ.
Маја Маринковиќ и Јутјуберот Билал Брајловиќ ставија крај на врската, а по нејзиното појавување во емисијата „Народ пита“ во која беше со поранешното момче Марко Јањушевиќ Јањуш, Билал доживеа напад на љубомора и и се закани дека ќе се самоубие доколку не контактира со него. Брајловиќ уште еднаш и се јавил на разговор, но Маринковиќ сепак не одговорила.
– Се срамеш ли што ми го правиш ова? Значи не одговараш, со него си… Фала… Ќе се убијам. Чао Мајо – и рекол Билал во порака.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ата Имаџес