Радио Милева
Сигурна во себе

Маган Маркл бара помирување: Испратила писмо до кралот Чарлс, а позната е и содржината

Маган Маркл бара помирување: Испратила писмо до кралот Чарлс, а позната е и содржината

Британските медиуми тврдат дека Меган Маркл побарала средба со кралот Чарлс Трети. Меган наводно има намера да застане на патот на семеен раздор пред да се врати во Калифорнија каде што живеат со Хари.

Имено, Нил Шон, дописник за шоу- бизнис вести во британските медиуми, наведува дека има веродостојни информации дека Меган изразила желба да се види со Чарлс приватно. Тој тврди дека Меган испратила писмо за тоа.

Нил исто така додаде дека Меган сака да ги поправи односите со кралското семејство пред да се врати во Америка.
– Таа би сакала да има приватна средба со кралот Чарлс Трети пред да се вратат во Калифорнија.
Да, тоа е точно, Меган и кралот Чарлс еден на еден. Добро сте слушнале. Тоа е многу храбар потег од нејзина страна – изјави Нил.


Тој откри и дел од содржината на писмото што Меган му го испратила на кралот Чарлс.

– Тоа беше можност да се ублажи тензичната атмосфера, да се одвои вистината од лагата и да се објаснат дел од потезите што беа направени во последните две години. Мора да се восхитувате на самодовербата на Меган Маркл, што и да мислите за неа – додава Шон.

Да потсетиме, ден по погребот на кралицата Елизабета Втора, главна тема на медиумите е кралското семејство и нивните односи.

фото:EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Останати вести од Радио Милева