Радио Милева бактериска инфекција

Мадона заврши во болница: Иконата на поп музиката примена во несвест (фото)

Мадона заврши во болница: Иконата на поп музиката примена во несвест (фото)

Светски познатата пејачка Мадона итно е примена во болница.

Таа беше пронајдена во несвест и однесена во болница во Њујорк во саботата, ексклузивно открива „Американ Пејџ Сикс“. Тие известуваат дека пејачката (64) била интубирана најмалку една ноќ пред да и биде извадена цевката и сега е будна и закрепнува. Се зборуваше и дека нејзината ќерка Лурд Леон била со неа цело време. Долгогодишниот менаџер на Мадона, Гај Озири, во средата сподели објава на Инстаграм дека неговиот клиент „развил сериозна бактериска инфекција што доведе до повеќедневен престој на интензивна нега“. Изворот вели и дека кралицата на попот сега е „надвор од интензивна нега“, а Озири во својата објава објасни: „Таа се уште е под медицинска нега. Се очекува целосно да закрепне.“ На почетокот на оваа година Мадона објави дека би тргнала на турнеја. „Прослава“ во чест на 40-годишнината од нејзината музичка кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Guy Oseary (@guyoseary)

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Мадона

To top