Радио Милева

Мадона се огласи откако ја „распнаа“ за лошиот настап на Евровизија

Мадона се огласи откако ја „распнаа“ за лошиот настап на Евровизија

Два дена по Евровизија, која ја следеа милиони луѓе ширум светот, се огласи и кралицата на попот. Со настапот на годинешниот Евросонг во Израел, Мадона (60) предизвика бурни рекации и покрена лавина критики на социјалните мрежи.

Повеќе или помалку, сите се согласија во истото – дека настапот од седум минути за кој доби повеќе од милион долари беше под очекувањата. Додека кралицата на попот ја распнаа на социјалните мрежи, таа се огласи ширејќи ја својата порака, како што тоа го направи и на финалната вечер на Евровизија во Тел Авив каде настапи со модерната верзија на хотот „Like a Prayer“, како и новиот сингл „Future“.

фото:инсатграм/мадона

За сите имаше порака: Музиката ги поврзува луѓето! Мислењата беа поделени. Додека едни ја осудуваа за кореографијата и „повикот на сатанизам“, други поради фалширањето, трети за „пластичниот“ изглед, а на некои им пречеше што воопшто пеела штотуку објавена песна која никој не ја знае. Покрај се, Мадона со неколку објави се огласи на Инсатграм, а ова се нејзините пораки:

„Мадам Икс има многу лица…“; „ Мадам Икс не слуша зло“; „Мадам Икс е борец за слобода, Благодарна сум. За приликата да ширам порака за мир во светот“; „Бурата не е во воздухот… во нас е“; „Не доаѓа секој во иднината“; „Животот е мистерија поради која сме сите овде, да ја решиме“! – пишува Мадона.

фото:инсатграм/мадона

Потсетуваме, МАдона неодамна го објави својот нов албум насловен „Мадам Икс“, а токму „мадам Икс“ е нејзиното ново алтер его.

To top