Радио Милева неприродно и необично

Мадона реши да им ја затвори устата на хејтерите кои велат дека претерува со шминка но, направи уште поголем скандал (фото)

Мадона реши да им ја затвори устата на хејтерите кои велат дека претерува со шминка но, направи уште поголем скандал (фото)

Мадона покажа како изгледа без нанесување на шминка на лицето откако беше на удар на критичарите и доби грди коментари за нејзиниот изглед.

Откако во последно време го шокираше светот со својот изглед, поп-кралицата Мадона реши да им одговори на сите противници и критичари кои ја обвинуваат дека постојано користи филтри на фотографиите што ги објавува од себе, а сега објави немонтирано видео за да покаже како навистина изгледа.

64-годишната Мадона на „TikTok“ го сподели видеото на кое се појави без трошка шминка на лицето. Сепак, можеби тоа не беше најдобриот потег затоа што нејзините обожаватели сепак останаа на ставот дека таа изгледа неприродно и необично, што очигледно е резултат на прекумерните посети на естетските корекции и операции.

@madonna♬ original sound – Christinamarie James

„О Боже мој, о Боже, зошто го направи тоа?“, вели Мадона во објавеното видео, на кое по неколку моменти се појавува со шминка за да ја покаже разликата.

„Дали е ова некаков ужас?“, „Дали е тоа Мадона?“, „Зошто луѓето не можат да прифатат да стареат?“, „Да, зошто го направи тоа“, „Те молам, немој повеќе“, „ Зошто се преправаш дека си Мики Роарк?“, „Добро ли си?“, „Исусе, што е ова?“, се само дел од коментарите што ги добила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Мадона инаку беше голем противник на пластичните операции, а сега не може да живее без нив, што го докажува со секоја нова објава на социјалните мрежи. Иако не зборуваше за естетската хирургија, очигледно е дека неколку пати легна под нож, а покрај изгледот, Мадона изминативе неколку месеци ги шокираше фановите и со своите разголени објави на социјалните мрежи.

Непристојните видеа и фотографии на кои пејачката позира во провокативно издание ги налутија нејзините обожаватели, многумина ја обвинуваат и за тоа, а многумина и пишуваат дека повеќе не е личноста каква што била и дека се променила, за жал, на полошо.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Мадона

To top