Радио Милева

Мадона пристигна во Тел Авив, а вака ќе изгледа на голема сцена (фото+видео)

Мадона пристигна во Тел Авив, а вака ќе изгледа на голема сцена (фото+видео)

Иако беше неизвесно дали кралицата на попот ќе се појави во финалната евровизиска вечер во Израел -Тел Авив, дилемата е тргната, а тоа го потврди и самата на социјалните мрежи.

Мадона веќе ја имаше првата проба од која објави неколку снимки и фотографии на Инстаграм, а со тоа откри како ќе изгледа нејзиното шоу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna) on


Како што пишуваат од Times of Israel, Мадона пристигнала со приватен авион на аеродромот Бен Гурион. На главата носела голем шешир за да ги спречи папарациет да и го фотографираат лицето, а со својата придружба била донесена во хотелот Дан каде што го реазервирала целиот 4-ти спрат.

По нејзиното доаѓање имала недоразбирање со организаторите кога пристигнала на проба во Арената затоа што не ѝ дозволиле да влезе со оглед на тоа што до тој момент таа немала потпишано договот за настапот. Дополнително сè било решено, а пак опремата за нејзиниот настап била донесена со бродови.

Со неа пристигнале 135 личности од кои 40 се придружни  вокали, 25 танчари, а останатите се техничари. Поголемиот број на парични средства за нејзиниот настап на Евровизија ги дал израелско-канадскиот милијардер Силван Адас.

Претходно Мадона изјави дека прифатила да настапува во Тел Авив и дека никогаш нема да престане да настапува ширум светот заради нечии политички агенди, но и дека нема да престане да зборува за кршењето на човековите права каде и да е.

 

To top