Радио Милева икона

Мадона повторно ги збуни нејзините обожаватели – позираше како Богородица со експлицитни детали (фото)

Мадона повторно ги збуни нејзините обожаватели – позираше како Богородица со експлицитни детали (фото)

Кралицата на попот често ги збунува своите обожаватели со необично и може да се каже, несоодветно однесување.

Последните фотографии на поп ѕвездата Мадона предизвикаа огромен број негативни коментари на социјалните мрежи. На сликите таа позира како Богородица, а потоа следните фотографии се како Тајната вечера, каде таа позира како Исус Христос, додека до неа е гола девојка.

Сликите, снимени од фотографите Луиџи и Јанго, ја прикажуваат пејачката како расплакана Дева Марија, комплетирана со меч, срце прободено низ надворешниот дел од градите.

„Во ова специјално издание, Мадона повторно останува Мадона: Икона“.

Ова ќе биде специјално издание на „Венити фера“ и ќе биде достапно само во одредени земји. Во написот придружуван на фотографиите, Мадона зборува за феминизмот, сексуалноста, верата и различноста, нејзиното враќање на сцената и плановите за нејзиниот долгоочекуван биографски филм.

– Ова е добар момент за мене: собирам идеи, се инспирирам, се дружам со креативни луѓе, гледам филмови, гледам уметност, слушам музика – истакна таа. Сепак, многумина не се согласуваат со неа дека ова е уметност туку навреда на религијата. На Твитер отсекогаш започнуваше прозивката, велејќи и дека ќе оди директно во „пеколот“ и дека е вистинска вештерка која не гледа колку е злобна. Многумина се согласија дека таа е очајна за внимание и не се грижи како и на кој начин ќе го добие.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top