Легендарната пејачка Мадона се појави на овогодинешното доделување на „Греми“ наградите и покажа неверојатно мазно и затегнато лице, што ја направи во центарот на вниманието бидејќи речиси веќе не личи на себе.
64-годишната поп-кралица ги изненади сите со својот изглед кога се појави на сцената за да ги претстави Сем Смит и Ким Петрас додека се подготвуваа да го отпеат новиот хит „Unholy“, кој освои Греми за најдобра поп-дуо/групна изведба.
Воедно, таа испрати и порака наменета за сите таканаречени бунтовници и изјави дека нивната бестрашност не останува незабележана, но сето тоа остана во сенка на нејзиното непрепознатливо лице, а коментарите брзо се проширија на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
– Еве што научив по четири децении музика. Ако ве нарекуваат скандалозно проблематични, провокативни или опасни, сигурно сте на добар пат. Овде сум да им се заблагодарам на сите бунтовници кои коваат нов пат. Мора да знаете, сите вие што предизвикувате проблеми мора да знаете дека вашата бестрашност не останува незабележана. Вие сте видени, ве слушаат, и најмногу од се – ве ценат, изјави Мадона.
Фото: Принтскрин/Профимедиа/ Инстаграм