Мадона, кралицата на поп музиката повторно ја шокираше јавноста откако на нејзиниот Инстгарам профил објави видео каде клекната покрај гитарата, со едната рака го држеше инструментот додека се наведнуваше и го лижеше скелетот на гитарата.
Таа заводливо свиреше и ја лижеше својата гитара во снимката во која обожавателите ја нарекоа „одвратна“, „срамна“ и „гадна“.
Мадона потоа ја префрли гитарата од една на друга страна и накратко го прегрна инструментот пред повторно да го помести и да го погали со едната рака.
„Дали е можно да се заљубиш во својата гитара?“, напиша таа покрај видеото, мислејќи на нејзината претстојна турнеја „Celebration“.
View this post on Instagram
Во објавата пејачката носи светлозелена кошула, мрежести хулахопки, црна бомбер јакна и црни очила за сонце во ист стил.
На многумина не им се допадна видеото на Мадона, па неколку корисници на Инстаграм ја изразија својата загриженост за видеото, а потоа коментарите беа оневозможени.
Фото: Принтскрин/Епа/ ФранкРобишн