Пејачката Мадона на своите профили на социјалните мрежи објави кусо видео, каде што зборуваше за коронавирусот.
На видеото се гледа како пејачката седи гола во када покриена само со цветови и зборува како пандемијата влијае на животот на луѓето.
„Тоа е нешто со Ковид-19. Не обрнува внимание на тоа колку сте богати, колку сте познати, колку сте забавни, колку сте паметни, каде живеете, колку години имате, какви прекрасни приказни можете да кажете. Овој вирус е голем изедначувач. Она што е прекрасно е што сите нè изедначува, во многу случаи“, вели пејачката и додавa:
Ако овој брод потоне, сите тонеме“.
Инаку, многу јавни личности ги откажаа своите настапи и концеерти поради коронавирусот.
No-Discrimination- Covid-19!! #quarantine #covid_19 #staysafe #becreative #brianeno pic.twitter.com/tvdzeJ7vv9
— Madonna (@Madonna) March 22, 2020