Арно ама, хуманата пејачка чепкајќи по најекспонираната социјална мрежа Фејсбук, налета на една интересна и забавна апликација која вели: „Какви прекрасни промени те чекаат во 2018“?
На кристина и проработе љубопитноста, па реши да се логира за да види каков пакет и нуди судбината во 2018 во „личниот проект среќа“? Ама среќа како среќа, како по правили или никогаш не доаѓа тогаш кога ти сакаш, или кога ќе дојде – тогаш ти тоа не го сакаш! Така и Арнаудова! Ја кликна апликацијата за да види какви тоа нови можности и изненадувања ја чекаат во 2018 и го доби одговорот: „Кристина, 2018 ти носи мало момче“! Или што би рекле бебе!
Арно ама, како таа и нејзиниот сопруг Александар се веќе родители на две мали момчиња: Максим и Матео, пејачката онака, ептен изненадена и шокирана од одговорот се најде во небрано во „личниот проект среќа“!
„Аааааааахахахааааааа не,не, не благодарааааам… во ред е!“ – прокоментира пејачката и ја затвори апликацијата, очигледно фатена неподготвена за „треќа – среќа“!
Ама, ако ништо друго, нешто научи или поточно извлече поука, друг пат да не отвора… „мачка во вреќа“!