Поранешнатат учесничка во реалното шоу „Задруга“, старлетата Сенада Нуркиќ, попозната како Маца – Дискреција, неодамна објави дека го отфрла од нејзиното име прекарот „Дискреција“ и отсега таа ќе се претставува само како Маца.
Старлетата одлучи да ги израдува своите обожаватели со тоа што влезе во студио да сними песна. И тоа не било каква, туку песна која ќе зборува за нејзиниот живот, и истата треба да излезе до крајот на месецот.
„Сè уште не можам да го откријам насловот на песната, ама верувам дка ќе рстури… Зборува за мене, за мојот живот, само толку можам да кажам толку. Таа ќе биде во стилот на бугарските поп-фолк пејачки и е вистинска песна за по клубови. Наскоро треба да снимаме и видео, кое треба да биде објавено до крајот на месецот“, вели Маца за српски Телеграф, додавајќи:
„Се плашев како сè ќе излезе, но со Гоца долго работевме на текстот.Среќа што ме познава“.
Фото: Марко Јовановиќ
Инстаграм принтскрин