Учесниците во реалното шоу „Задруга“ не се двоумат да ја понудат својата интима на послужавник. Со публиката споделуваат како функционираат, колку знаат и умеат, особено во постела, а и вон неа…
Се чини дека на повеќето „ријалити ѕвезди“ ниту општите поими не им се баш посилна страна, па така и познатата босанска старлета Маца – Дискреција пред неколку години покажа дека нејзиното знаење не е на ниво ниту на дете од прво до четврто… одделение.
Имено, Маца учествуваше во квиз, каде ја прашаа: „Една деценија е период од 10 или 20 години“, на што таа ладнокрвно одговори: „20“!
Шокираниот водител Милан Калиниќ потоа ја праша колку години има во еден век, а старлетата откако се помисли, одново „тресна“: „12“!
„Добро, ова сега е мало трик прашање. Мацо, значи нема ниту една деценија во еден век, според тебе така? Според твоите пресметки ти би требало да имаш 2,3 века… “ – рече водителот откако маца му кажа дека наскоро ќе полни 27 години.
Инаку, Маца Дискреција учествуваше во споменатиот квиз за време на одвивањето на реалното шоу „Задруга 1“, а видеото повторно стана деновиве вирално и прошета по социјалните мрежи. Колку да потсети дека убавината е минлива, а глупоста… вечна!
Како изгледаше сето тоа погледнете подолу:
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/sjebano2/maca_diskrecija_special