Босанската старлета Сенада Нуркиќ, попозната како Маца -„Дискреција“ секојдневно ги изненадува своите следбеници на социјалните мрежи со провоакативни и предизвикувачки фотографии, кои во повеќето случаи ја разгоруваат бујната имагинација на мажите.
Овој пат разголената старлета и пејачка постираше ептен разголени, жешки фотографии од лифтот, каде само со минијатурни налепници во форма на срце ги покрила брадавиците на градите.
Со напрчено газе во гро план и црвена танга што уште повеќе ја потенцира нејзината голема задница, Маца провокативно прашува: „Смее ли некој со мене во лифт“?
Се разбира, сето ова ги шокираше станарите кои живеат во оваа зграда, бидејќи не можеле да поверуваат во она што го гледаат: Како старлетата се вози гола во лифтот и се фотографира.
Велат, кога ја сретнале вака раскомотена, комшиите побрзале да се возат со неа во лифтот, ама не смееле да влезат во лифтот од жените, а сосетките се крстеле и со лева и со десна рака, бидејќи не можеле да поверуваат во она што го гледаат! Некоја од нив, дури и ја пријавила старлетата за нарушувуња на јавниот ред и мир во зградата!
Другиот ден, налутената Маца одново сподели фотографија од лифтот, само овој пат закопчана до грло! Ама затоа пак, покрај фотографијата на „безобразните“ комши(к)и им упати „сочна“ порака во постот покрај сликата:
Фото: Инстаграм принтскрин/ nurkic_senada