Една од најубавите струмичанки, моделот, модна блогерка и инфлуенсерка Љупка Митрова летово го минува уживајќи „за сите пари“. А неа парите како што е познато, не и недостигаат.
Далечни дестинации, егзотични локации, скапи ресорти, луксузни вили, хотели со пет ѕвездички и сите останати удобства и задоволства што ќе си ги замисли и поска, Љупка летово решила да си ги приушти.
Во меѓувреме, малку престој дома, на убавиот македонски туристички бисер Охрид, од каде ги почести своите следбеници со нов видео-едиторијал со кој одново „крена“ прашина на социјалните мрежи.
Имено, Љупка и овојпат продолжила да соработува со нејзиниот пријател и стар соработник, уметничкиот фотограф и режисер на видеоспотови Зоран Стојановски – Зонде, со кого направија уште еден проект кој многумина остави и без зборови и без здив… Уметночко-поетски видео-едиторијал зачинет со блага еротска компонента во кој главната улога покрај кадрите и поезијата секако ја има сексапилната струмичанка.
Тој ја разбира, затоа и не пропушта со неа да соработува, а таа знае дека низ фокусот на неговиот објектив, нејзиниот неодолив сексапил и сензуалната еротска убавина најубаво излегуваат на виделина.
View this post on Instagram
Но, ова никако нема да ја задоволи Љупка, особено не нејзиниот глад и потреби за нови блесоци, па расната струмичка убавица продолжува да споделува нови фотографии провокативни видеа од секоја следна дестинација каде престојува.
Во секси танга бикини во плиткото на чистото кристално море, чии бранчиња се милуваат со нејзината извајана фигура или на терасата пред една од лускузните вили во кои престојува, Љупка Митрова едноставно блеска зрачејќи со предизвикувачка убавина во секој кадар.
Конечно, за да не се чувствува притаено како под маска, „се’ што требаше е некој доволно храбар да и рече – светни, ама до даска“! Блескот во кадарот пред вилата доволно силен да ги разбуди сите пориви и поттикне „волшебната игра на сетилата“.
И оној однапред, од погледот па се’ до песокот на стапалото и оној одназад, отсликан во одразот на огледалото.
Конечно, уметноста на летното живеење по нејзин терк, надарената инфлуенсерка ја финишираше под топлите млазеви на тушот… До душа, овој пат во костим за капење кој не открива се’ до крај, ама кој знае…
Можеби следниот пат Љупка и без него одново ќе блесне во полн „натурален“ сјај. Впрочем, се’ што треба е само некој доволно храбар да и рече: „Светни… ама овој пат стварно до даска“!
Дотогаш, религиозните ќе го забележат големиот тетовиран крст на грбот на сексапилната струмичанка, оние пак што се уште поблизу до Бога и златните обетки со крстче на ушите, а сите заедно сосе останатите, најмногу она што не е ниту тетовирано, ниту прикачено, туку на неа извајано и од Бога дадено… малку подолу!
Фото: Инстаграм/ljupka_mitrova