Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ првпат се појавија во јавност откако станаа родители на ќерка.
Имено, парот гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ каде што одговараше на разни прашања.
„Наведи ја најлошата особина на Марко“, гласеше едно од прашањата во емисијата.
„Рамнодушност, таа некоја негова рамна линија. Тој знае да се исклучи од целиот свет, тоа ме боли, ме нервира. Јас го сакам и го прифатив“, изјави Луна.
„Тоа се ситуации кога ќе се повлечам во себе, да се смирам за да донесам вистинска одлука. Тоа е смиреност, се повлекува, а таа мисли дека нешто не е во ред со мене. Тоа е јога на мој начин“, објасни Марко.
„Наведи бројка со колку жени си спиел“, гласеше прашањето.
„Околу 50 за своите 37 години“, беше искрена Марко.
Кој маж најмногу го сакаше после Марко, гласеше прашањето за Ѓогани.
„Морам да се консултирам со сопругот, имаме ќерка, не знам дали може да зборувам за ова“, изјави Луна, па бидејќи Марко и кажа дека е во ред да зборува на таа тема, реалити ѕвездата одговори:
„Слоба. Марко го сакам најмногу на свет, тој ми е сопруг. Пред него многу го сакав Слоба и тоа сите го знаат“, изјави Луна.