Во емисијата на Огњен Амиџиќ гостуваа сите заедно, Киа, Луна и Слоба. Одговараа на многу скокотливи прашања на водителот , со што женскиот дел имаше нешто порадикални ставови, а Слоба ја презема вината и рече дека нема оправдување за одредени постапки.
На прашањето како се чувствувале кога во шоуто влегла неговата сопругата на Слоба, Киа, Луна како од топ одговара:
-Прекрасно чувство, кажа низ насмевка, додека Слоба ова прашање го одговори дипломатски:
-Не се сеќавам навистина. Киа изјави и дека веќе ги потпишала документите за развод на бракот и дека нејзината одлука е дефинитивна, а Слоба се сложи се тоа. Луна пак призна дека емоциите се уште не и се стабилни, но и дека не очекува ништо по разводот на Слоба и Киа и дека со него останува само во добри пријателски односи.